Михаило Донев новинарската кариера ја започнува во Слободен Печат, а потоа работи и како новинар во Телевизија 24 и 360 Степени. Од август 2023 година работи како новинар во Радио Слободна Европа.
Психички проблеми, разводи, голема задолженост и продажба на имот. Ова се дел од приказните на зависници од коцкање кои ги споделуваат со психијатрите барајќи излез од зависноста. Во државата нема никакви податоци за зависници од коцкање, а лекарите предупредуваат дека онлајн коцкањето е поопасно.
На граничниот премин Блаце, најголемиот дел од граѓаните кои ја напуштаат државата веќе ги промениле личните документи, а државата ја напуштаа со лични карти или патни исправи со новото име на државата. Сепак, затекнавме и граѓани кои со старата лична карта ја минуваа границата.
Во ЕВН уште пристигнуваат жалби од граѓаните, а во Регулаторна пристигнале 30 поплаки заради високи јануарски сметки за струја. Поскапување нема, велат од Регулаторна, а според ЕВН потрошувачката е зголемена. Граѓаните се жалат дека за исто количество потрошена струја добиле многу повисоки сметки.
Од вкупно седум случаи на голема кашлица во Северна Македонија последните два се бебиња на возраст од два месеца, а еден повозрасен пациент е хоспитализиран. Се шири и сезонскиот грип и лекарите предвидуваат дека пикот ќе го достигне во февруари.
Стефан и Елена се македонска млада брачна двојка, која, по седум години живот во Германија, се вратија во земјава, но наместо во Скопје или некој поголем град, тие се населија на периферијата во Македонски Брод.
Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите. Повеќе студентски организации излегоа со остри реакции, а некои дури се заканија и со протести. Ректоратот на УКИМ побарал став од факултетите за покачување на партиципациите, но одлука уште нема.
За дигитализацијата потребни се лаптопи, таблети, компјутери за сите ученици, но најголем дел од основните училишта се далеку од подготвени. Од вкупно 966 училишта услови има само во 45, но и таму недостастува опрема, а Министерството за образование најави дигитализација во второто полугодие.
Најголем проблем има за учебниците за новиот предмет Историја и општество, за кои рецензенти нема или се откажуваат заради сомневања за грешки во содржината. Министерството за образование ќе предложи - недостигот на рецензенти да се покрива со советници вработени во Бирото за развој на образование.
Народниот правобранител во годишниот извештај потенцираше нарушени права на настава на децата, а кажа дека има докази за тортура на затвореници од специјалци на МВР. Зибери се пожали на неисполнувањето на обврските на клучните институции кон нив – Владата, Собранието и Министерството за финансии.
Налепниците со ознака „НМК“ како алтернатива за промена на регистарските таблички, се уште не се издаваат, се утврдува цена. Нов пункт без закажување нема да се отвора, продолжуваат турканиците пред „Пролет“, но и за подигање на новите документи. Досега издадени милион пасоши со Северна Македонија.
Речиси деценија помина од почетокот на изградбата на објекти за факултетите ФИНКИ и ДИФ. Министерството за образование три години размислува како да го промени планираниот барокен изглед додека студентите учат во во преполни простории или имаат предавања на други факултети, а нема услови ни за вежби
Бохуслав Свобода, градоначалникот на Прага, соопшти дека е „потполно шокиран со она што се случило на Филозофскиот факултет во Прага“
Без учебници, учат за компјутери без компјутери, читаат без разбирање, ова се дел од проблемите на македонските ученици. За лошите резултати од ПИСА надлежните институции не покажаа загриженост и повторно најавуваат реформи. Но според тестирањето на ПИСА 10 години државата е цврсто на дното.
Или нема доволно простор во училиштата или нема наставници - ова е одговорот зошто нема продолжена настава за четврто и петтоодделенците. Родителите буквално препуштени сами да се снаоѓаат што ќе прават со нивните деца на 9 или 10 години додека тие се на работа, а се плашат да ги остават сами дома.
Тој си ја сака својата работа, но истакнува дека во последните години Македонска пошта го загубила сјајот. Сето тоа, како што тврди, е поради лошите услови за работа наметнати од компанијата.
Со автобус, без проблем ќе стигнете до кој било град во Европа, но речиси до ниеден град во источна Македонија. Внатрешните меѓуградски линии се болна точка за граѓаните, посебно за повозрасните.
Покрај намаленото домашно производство, статистиките покажуваат - земјава полека станува земја зависна од увоз. Минатата година Северна Македонија увезла храна во вредност од речиси 900 милиони евра, за разлика од 2021 година, кога во земјава се извршил увоз на храна во вредност од 700 милиони евра
Вонредна санитарна инспекција ќе ги проверува основните училишта во скопската општина Карпош и фирмата која ги снабдува со храна по пријава дека седум деца се заразени со салмонела. Родител за РСЕ вели дека нивното дете пет дена лежи во болница поради влошена состојба.
Евтини карти, празна железничка станица, нередовни линии и незадоволни патници – ова е секојдневната слика од железничкиот сообраќај во земјава. Се возевме од Скопје до Велес за само 113 денари, но патници речиси и да немаше.
Сопствениците на компаниите за кризата во текстилството го вперуваат прстот и кон државата. Рецесијата во Германија ги намали нарачките за фабриките во Штип, а последица од иселувањето е што речиси нема млади работници. Од здружението „Гласен текстилец“ сугерираат дебата меѓу засегнатите страни за да се најде решение.
Вчитај повеќе