Жени од јавниот живот и сопруги на дипломати во земјава носеа парчиња изработени од 35 девојки и жени од Скопје, Струга и Струмица, на ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“.
Христина Митревска има 16 години, а висока е како да има 6. Во училиште, вели, добро ја прифаќаат, но на кафе после часови оди само со мама и тато. Таа е една од само четири луѓе во светот со исклучително реткиот синдром Немо.
Четиринаесетгодишната Садије Дура е единствената девојка во боречкиот клуб „Лирија“. Решила да ги игнорира обесхрабрувачките коментари за тоа дека овој спорт не е за девојчиња.
Животот во Крива Паланка за Мери Акиевска бил пеколен. Вели дека растела во семејно насилство и во сиромаштија. Денес е трикратна светска шампионка во бодибилдинг и фитнес, а минатото ја научило да биде борбена.
Млади архитекти од земјава претставија 12 идеи за тоа како може подзаборавени или оттуѓени локации во Скопје повторно да „никнат“ со нов изглед и функционалност. Нивните проекти кои беа дел од конурс, се изложени во изгорената шалтер-сала во главната Пошта во Скопје.
Тројца студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вoдени од професорот Бранислав Геразов и асистентот Никола Јовановски, соработувале со здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.
Родители се жалат дека нивните деца играат на оштетени и небезбедни детски игралишта во Скопје. Општините одвојуваат од буџетот за да ги поправат штетите од вандалите. Велат дека имаат редари, но бараат и засилена полициска контрола.
Членовите на бендот „Звучен бран“ имаат оштетен вид, но исклучително добар слух и талент за музика, вели наставникот по музичко Кристијан Тасевски. Инклузивниот бенд е формиран пред еден месец, па сега го полнат репертоарот.
Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, доби директен влез во полуфиналето на хрватското „Суперталент шоу“, кое е по лиценца на британско шоу ,,Got Talent”.
Ретко кој млад човек во земјава ги знае политичарите на лик и по име. Некои, не знаат ниту кој ни е премиер и претседател. Ова го покажа нашата анкета, а го потврдуваат и истражувањата. Зошто младите не ги интересира политика и како ќе гласаат на избори ако е така?
Триесетичетиригодишната Катерина Андова веќе 20 години живее со автоимуното заболување алопеција, поради кое нема коса, ниту трепки и веѓи. Последниве шест месеци излегува од дома без марама, сигурна во себе и подготвена да се соочи со погледите на сограѓаните во Неготино.
Куманово скелетонс или Куманово костури се првиот и единствен клуб за американски флег фудбал или фудбал со знаменца во земјава. Она што почнало како ентузијастичка идеја меѓу пријатели, денес ги носи на меѓународни натпревари.
Дваесетидеветгодишната Ема Никочевиќ е првата македонска судијка со значка на ФИБА - Меѓународната кошаркарска федерација, што значи дека во иднина може да суди на меѓународни натпревари.
Студентот Елефтерис Кордаѕис од Атина, една седмица беше гостин во домот на средношколката Михаела Николоска во Скопје. Повод за ова дружење од кое, велат, се родило пријателство, беше единаесеттото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.
Фотографот Горан Тачевски кој живее во Прага, а е роден во Скопје, во текот на следните 365 дена често ќе доаѓа дома за низ фотографскиот објектив да лови приказни за обични луѓе во реални ситуации. Планот му е фотографиите да ги стави во книга за да ја прикаже неговата перспектива на животот овде.
Tимот „Петте ѕвезди“ составен од средношколци од скопската гимназија „Панче Арсовски“ направи преносен паметен пластеник кој штеди струја, а користи минимално количество на вода.
Петтото издание на настанот „Омнибустопија“ освен концерти, работилници, изложби и разговори, понуди и настап на Драган Теодосиев трио во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Триесетгодишната Сандра Мембала од Конго живее во Скопје повеќе од пет години. Ова не ѝ била првично планирана дестинација кога заминала од дома како мигрантка, но откако дошла вели дека го нашла местото кое нуди подобар живот и би сакала тука да остане засекогаш.
Скопјанката Теодора работи во средина каде мажите се убедливо доминанти според бројноста. Но, ниту ова, ниту коментарите на околината дека на градежен објект е небезбедно или дека не е добро да соработува само со мажи не ја одвратиле од идејата да го следи својот сон.
Седум сестри со моминско презиме Бериша, отвориле фамилијарен бизнис со пецива среде пандемија, во Скопје. Одат напред водени од родителските совети за храброст и упорност и поддржани од двајцата браќа и од сопрузите.
Вчитај повеќе