Училиштата во кои години наназад недостасуваат учебници велат дека се снаоѓаат како знаат и функционираат со тоа што го имаат. Родители на основци, кои оваа учебна година не добија учебници, туку привремени материјали, не се согласуваат дека тоа е решение за старт на учебната година.
Во Сојузот на средношколци ученици пријавуваат дека добиле учебници кои се неупотребливи, а се очекува да учат од нив. Пред нашата камера, дел од нив ги прелистуваа и составуваа делови од примероците кои се „распаѓаат“
Пред камерата на РСЕ, средношколци се пожалија дека едвај три учебници од цел комплет се во добра состојба. Од останатите недостасуваат страници, цели поглавја, а некои и целосно се распаѓаат, споделија тие.
Младите охриѓани Тијана и Климент го посетија вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА откако победија на минатогодишното издание на NASA Space Apps Challenge во Македонија. По ова искуство, веруваат дека НАСА не е така далеку на патот до нивниот истражувачки сон
Најблиската околина на еден млад човек со самоубиствени мисли ќе има индикации за некаков тип на промена во однесувањето, но родителите мора да бидат активни слушатели, а психотерапевтите не смеат да го демонизираат однесувањето, вели психотерапевтката Радмила Живановиќ
Како изгледа меѓуврсничкото насилство од аспект на жртва, а како може да се каже „стоп“ од стручен аспект? Средношколец од Скопје, јавно со име и презиме, ни ја раскажа својата приказна како мета на булинг, а психолог ни ги опиша предизвиците
Родителите имаат свои проблеми, а училишните психолози еден куп административни обврски велат младите, истакнувајќи дека 'повикај го училишниот психолог' најчесто не е популарна опција за психолошка помош меѓу средношколците во Македонија
Со волонтирањето се стекнуваат многу нови вештини, знаења и пријателства и тоа е волшебно искуство кое на младите им нуди лесен пат до учење на вистинските вредности, сподели 17-годишната средношколка Леа Манева, која во „Црвен Крст- Карпош“ волонтира од 14 години.
Првиот човек на средношколците во Македонија, Лука Павиќевиќ, во разговор со РСЕ сподели на кои планови и проблеми ќе се фокусира Сојузот на средношколците во текот на претстојната учебна година
Младите не треба да чувствуваат притисок да бидат како мене или да се споредуваат со која било девојка на социјалните мрежи каде се прикажува нереална слика, а никој не е совршен, порача инфлуенсерката Елеонора Миљковиќ во разговор со РСЕ
Како македонските универзитети да заслужат место меѓу најдобрите илјада според Шангајската листа и како им е на нашите студенти во странство чии факултети се веќе таму, но и зошто тие не останале да студираат дома?
Според младата виолинистка Ева Богоевска не е клише, туку чиста вистина она дека успехот доаѓа со комбинација од напорна работа и многу љубов. Нејзината дисциплина и посветеност ја однеле до престижни музички сцени
Заедно со бројот на часови поминати со телефон во рака или пред компјутер, расте и бројот на млади со проблеми со видот. Ако е лоша позицијата на телото страда и ’рбетот, предупредуваат докторите.
Студентскиот дом ’Кузман’ оваа година ќе остане празен поради реновирање, додека останатите ги очекуваат станарите. За некои студенти годинава прва опција е државен студентски дом, пред опцијата - изнајмување приватен стан под кирија, сами или со цимери
Млади македонски поети споделија дека пишуваат за ’браво’ и за награда во духовна и интелектуална смисла, а не за профит. Велат, јасно им е дека во Македонија пишувањето не може да биде бизнис, па така и нивните повозрасни колеги мора да имаат дополнителна професија за да заработат за живот
Наши дечки со нивната игра за мобилен телефон „Paint Тhe Thing“ , ја добија наградата за Најдобра игра од Европа на светското финале на ‘GAME JAM +’ кое се одржа во Бразил. Со нас го споделија искуството и намерата да успеат на домашниот и на светскиот пазар
Петмина средношколци од СУГС „Браќа Миладиновци“ ги ’засукаа ракавите’ за да најдат иновативно решение за заштеда на вода. Го вратија во живот стариот школски бунар кој не функционирал две децении и поставија систем ’капка по капка’
Наместо да сметаме на еко активисти како идоли со кои новите генерации ќе се идентификуваат за да бидат мотивирани за еко акција, треба да ги вклучиме младите директно и да им помогнеме да учат додека се забавуваат, вели креаторката на друштвената игра ’Living globally’
За дел од младите нема поважна тема од протестите и случувањата поврзани со ’францускиот предлог’. Но, има и такви кои велат дека сепак, постојат и други теми за муабет.
Што очекуваат младите, а што компаниите кога треба да се договорат за работа и дали има работа за секој што сака да работи? На овие теми разговаравме со дел од учесниците на јавна дебата организирана од ИДУЕП
Вчитај повеќе