Украински мега-авион работи прекувремено заради пандемијата

Маскиран чувар пред едниот и единствен товарен авион Антонов Ан-225, на 27 април со нарачка од 10 милиони маски за лице од Кина до Германија.

Ан-225, кој е најтешкиот авион на светот, се товари во Тијанџин, Кина, пред летот за Полска на 13 април. Украинскиот авиопревозник стана една од ѕвездите на светската борба против пандемијата на коронавирус.
 

Слетување но Ан-225 во Киев на 23 април. Авионот е долг 84 метри и има најширок опсег на крила од кој било друг оперативен авион, 88,4 метри.

Слика од пилотската кабина на Ан-225, кој лета со екипаж од шест члена.

Ан-225 беше дизајниран во Советскиот Сојуз за да го носи вселенскиот шатл Буран (на сликата) и ракетите на шатлот. Изграден е само еден авион Ан-225, кој прв пат леташе во 1988 година. По падот на Советскиот сојуз, авионот влезе во комерцијални води.

Ан-225 се пробива низ јасно пролетно небо над Киев на 23 април. Виталиј Шост, заменик-директор на „Антонов ерлајнс“, изјави за РСЕ / РЛ дека авионот прави во просек од 12-20 летови секоја година, но досега во 2020 година веќе има седум меѓународни испораки.

Кутии со маски за лице се растовараат од Ан-225 во Лајпциг на 27 април. Шост вели дека авионот има голема побарувачка за време на пандемијата, бидејќи на полесните товарни  авиони ќе им бидат потребни повеќе летови за да го испорачаат истиот обем на производи.

Лет на Ан-225 над Одеса, Украина, на 23 април. Шост одби да каже колку чини авионот за изнајмување, но во 2004 година транспортот на Ан-225 на голема индустриска компонента од Данска за Казахстан чинеше 291.000 американски долари.

Екипажот на Антонов во заштитна опрема по слетувањето во Лајпциг на 27 април.

Медиумите се подготвуваат да го снимаат слетувањето Ан-225 во Варшава на 14 април исполнет со милиони средства за лична заштитна. Илјадници луѓе, наводно, излегле да го гледаат доаѓањето на уникатното летало, а едно видео од слетувањето на 14 април е прегледано скоро 2 милиони пати.
 

Маски за лице што ги купи германската влада се растовараат во Лајпциг. За овој лет од Кина до Германија, Шост вели дека првично требало да се наполни гориво во Казахстан, а потоа во Азербејџан, но поради лесниот товар пилотот донел одлука да лета директно од Казахстан кон Германија.

Ан-225 полетува од својата база во близина на Киев на 11 април. Шост изјави за РСЕ / РЛ дека авионот е „визит-карта, лицето на нашата компанија. Голем број луѓе се запознаени со„ Антонов ерлајнс “заради овој авион“.