Поточари на 27-годишнината од геноцидот во Сребреница
Молитва пред гробот на една од жртвите погребана на 27-годишнината од геноцидот во Сребреница, во кој силите на босанските Срби убија 8.372 мажи и момчиња од несрпска националност на 11 јули 1995 година.
До моментот кога беа погребани 50 жртви на 11 јули 2022 година, во Меморијалниот центар во Поточари беа погребани 6.652 жртви.
Најмладата жртва погребана на 27-годишнината од геноцидот е Салим Мустафиќ, кој е убиен кога имал 16 години, додека најстариот е Хусејин Крџиќ, кој во моментот на смртта имал 59 години.
Меморијалниот центар пред погребот на 11 јули 2022 година. Според желбата на семејствата на убиените, 237 жртви на геноцидот беа погребани на други локации надвор од овој центар. Се уште се трага по повеќе од 1.000 исчезнати лица.
Ковчезите со посмртните останки на 50 жртви беа донесени во Меморијалниот центар Поточари ден пред погребот, 10 јули 2022 година.
Посмртните останки на жртвите беа носени на раце, како што е вообичаено на погребите, на 10 јули 2022 година.
Ковчезите ги носеа граѓани кои дојдоа на погребот и членови на семејствата на жртвите од геноцидот, 10 јули 2022 година.
Членови на семејствата на убиените покрај ковчегот пред верската церемонија, 11 јули 2022 година.
На погребот му претходеше комеморација во централниот дел на Меморијалниот центар Поточари на 11 јули 2022 година.
Претседателот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, на комеморацијата предупреди дека негирањето на геноцидот и денес е присутно во БиХ.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, рече дека по неговото пристигнување во Сребреница почувствувал силен товар. „Ова е и товарот на неуспехот на меѓународната заедница да ги заштити овие луѓе“, рече Шмит.
Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, им оддаде почит на жртвите на геноцидот и ги повика властите да преземат институционална одговорност да го прифатат она што се случи во Сребреница пред 27 години.
На комеморацијата и погребот и оваа година, како и сите претходни, присуствуваа и членови на организацијата „Жени во црно“ од Србија, кои со децении се борат властите во Србија да го признаат геноцидот.
Митрополитот Михаило од Црногорската православна црква дојде да им оддаде почит на жртвите на геноцидот.