Полицијата ги растера демонстрантите во Софија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бугарската полиција синоќа ги потисна демонстрантите кои цел ден беа собрани и протестираа пред зградата на Народното собрание во Софија. Приведени се неколку лица, а повеќемина се повредени. Претходно, демонстрантите, кои бараат оставка на бугарската Влада и на премиерот Бојко Боприсов, цела вечера фрлаа петарди и други тврди предмети врз полицијата. Во демонстрациите, според софиската Служба за итна медицинска помош, повредени биле десетици луѓе.