Кога лидерите ќе фатат оружје

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вооружен со пушка „калашников“ и со панцирен елек во близина на Палатата на независноста во Минск на 23 август за време на масовните протести против неговото владеење по спорните избори.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, со снајперска пушка за време на молитвите за да го означи крајот на месецот на муслиманскиот пост Рамазан во Техеран во јуни 2019 година.
 

Ирачкиот претседател Садам Хусеин пука со пушка со едната рака додека држи цигара во другата за време на воената парада во декември 2000 година.
 

Рускиот претседател Владимир Путин нишани снајперска пушка во стрелиштето на „Калашников“ во Москва во септември 2019 година.

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев пука со пиштол во стрелиште на непозната локација.

Генерал Первез Мушараф, воениот владетел на Пакистан,
пука со пиштол во јули 2004 година.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун прегледува оружје во јануари 2012 година, кратко време по преземањето на контролата врз земјата.

Долгогодишниот азербејџански претседател Илхам Алијев нишани со пушка во северен Азербејџан во 2012 година.

Turkmen President Gurbanguly Berdymukhammedov aims an assault rifle while filming a bizarre propaganda video released in 2017.

Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи со пушка која му беше врачена како  подарок од племенските водачи во октомври 2009 година.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев (лево) и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко чиј петгодишен син Микалај става в џеб златен пиштол во 2009 година. Пиштолот беше подарок од Медведев.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го запрепасти светот вооружен со пушка за време на масовните протести против неговото владеење на 23 август.