2019: Годината низ фотографии

Протест пред Собранието во Скопје против договорот за промена на името. Постигнатиот договор со Грција, кој стапи на сила еден месец подоцна, беше клучен елемент во амбицијата на земјава да стане членка на НАТО и Европската Унија. 9 јануари 2019 година.
 

Девојче од Анапра, населба на периферијата на Сиудад Хуарез во Мексико, се поздравува со лице на американската страна преку граничната ограда додека свештени лица од двете земји се молеа за мигрантите и луѓето од оваа област. Оградата е една од мерките за зацврстување на границата која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја развие со цел да изгради ѕид. 26 февруари 2019 година.
 

Полицаец испукува гумени куршуми за време на еден од протестите во Каракас против владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. 23 јануари 2019 година. 

Иранки прават селфи за време на прославата за одбележување 40 години од Исламската револуција во Техеран. 11 февруари 2019 година. 
 

Промотивното место на молдавската Социјалистичка партија во Кишињев обвиено во мрежа со логото на партијата. Партијата освои мнозинство пратенички места, но не успеа да состави коалициска влада. 23 февруари 2019 година.  
 

Војник од специјалните единици на белоруското Министерство за одбрана учествува во ексхумацијата на масовна гробница во која се закопани стотици луѓе од еврејското маало во Брест убиени за време на нацистичката окупација во Втората светска војна. 26 февруари 2019 година. 
 

Американскиот претседател Доналд Трамп се поздравува со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун по средба на самит во Ханој, Виетнам. 27 февруари 2019 година. 
 

Селани од Авганистан носат овци во областа во провнцијата Кандахар погодена од поплави во кои загинаа најмалку 20 лица, а голем број на домови и автомобили беа уништени. 2 март 2019 година. 

 

Кола поминува низ пат кој се формира од мраз во текот на зимата и ги поврзува двата брега на реката Јенисеи. Реката се наоѓа јужно од Краснојарск, Русија. 3 март 2019 година. 
 

Мохамед Надир плаче за време на службата во чест на жртвите на вооружениот напад во џамијата Ал-Нур во Крајстчрч,Нов Зеланд, во кој беа убиени 50 лица. 15 март 2019 година. 
 

Украинскиот комичар и претседателски кандидат Володимир Зеленски игра пинг-понг во главниот изборен штаб во Киев по претседателските избори. Тој беше инаугуриран за претседател во мај по убедливата победа над противкандидатот, Петро Порошенко. 31 март 2019 година.  
 

Бегалци и мигранти протестираат во близина на бегалскиот камп во селото Диавата, западно од Солун. 6 април 2019 година.  
 

Гулаби летаат околу голем постер од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поставен во Бурса. 7 април 2019 година. 
 

Ромчиња се нишаат на заврзани алишта во близина на нивното живеалиште во камп во селото Племетин во Косово за време на прославата на Интернационалниот ден на Ромите. 8 април 2019 година. 
 

Делови од Нотр Дам се уриваат додека чад и оган ја проголтуваат катедралата во Париз. 15 април 2019 година. 
 

Статуата на Исус испрсканаод крв по експлозијата на бомба во црквата Св. Себастијан во Негомбо, Шри Ланка. На Велигден, во неколку самоубиствени бомбашки напади во цркви и хотели, беа убиени 259 луѓе. 21 април 2019 година. 
 

Палестинци ја проверуваат оштетеноста на зграда по израелските воздушни напади на Рафах во јужниот дел на Појасот Газа. 5 мај 2019 година.
 

Ахмад Сајед Рахман од Авганистан, петгодишно момче со протетска нога кое танцува во болница на Интернационалниот комитет на Црвениот крст во Кабул. Момчето ја изгубило десната откако во престрелка било погодено од куршум. 7 мај 2019 година. 
 

Детаљ од фустан од отварањето на 72 издание на Филмскиот фестивал во Кан, Франција. 14 мај 2019 година. 
 

Маж носи повредено дете по воздушен напад од страна на сириските сили и нивните сојузници во Марет Ал Нуман на југот на провинцијата Идлиб. 26 мај 2019 година. 
 

Пожар се шири кон селото Пад Мелничнаја во Русија. Волонтерите успееа да го запрат ширењето на огнот кон детски летен камп. 27 мај 2019 година. 
 

Парада на гордоста во Букурешт, Романија. 2 јуни 2019 година. 
 

Приземјените авиони Боинг 737 Макс на паркинг во Сиетел. Авијациските власти ги забранија летовите на овој модел по две смртоносни несреќи поврзани со техничка неисправност на авионите. 1 јули 2019 година.    
 

Инга Кудрачева вреска додека полицијата се обидува да го приведе нејзиното момче Борис Канторович, кое лежи над неа, за време на антивладините протести во Москва. 27 јули 2019 година. 
 

Жена стои на пат на периферијата на градот Тал Тамр во близина на сирискиот курдски град Рас ал-Аин, во близина на границата со Турција. Во позадината се гледа густ чад употребен со цел да се намали видливоста на турските воени авиони кои вршат напад над Курдите во граничниот појас. 16 октомври 2019 година. 

 

Индијки се поклонуваат на Сонцето во загадените води на реката Јамура за време на прославата на хиндуистичкиот празник Чат Пуја во Њу Делхи. 3 ноември 2019 година. 

 

Мурал на шведската активистка Грета Тунберг во Сан Франциско, Калифорнија насликан од страна на аргентинскиот артист, Андрес Инглезиас. 12 ноември 2019 година.  
 

Полицијата испукува солзавец со цел да ги растера поддржувачите на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес на протест во Ла Паз. 13 ноември 2019 година. 
 

Полицаец гази чадор оставен од демонстрантите во Хонг Конг за време на протестите на Политехничкиот универзитет. 18 ноември 2019 година. 
 

Полицијата употребува воден топ за да ги растера демонстрантите на антивладин протест во Тблиси, Грузија. 18 ноември 2019 година. 
 

Проруските сепаратисти отстрануваат мини во близина на регионот Доњецк, источна Украина. 19 ноември 2019 година. 
 

Жени поминуваат покрај опожарен објект на банка во Иран. Зголемувањето на цената на нафтата предизвика протести во повеќе градови во земјата. 20 ноември 2019 година.  
 

Повреден демонстрант за време антивладините протести на кои демонстрантите се судрија со безбедносните сили во Багдат, Ирак . 28 ноември 2019 година. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговара на новинарски прашања додека Претставничкиот дом на Конгресот на САД го разгледува барањето за негов импичмент. 2 декември 2019 година. 

Рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Елисејската палата на првата средба помеѓу Путин и Зеленски. 9 декември 2019 година.