Зошто планината Арарат, симбол за Ерменците, ќе исчезне од печатите во пасошите?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Од 1 ноември, патниците во Ерменија повеќе нема да гледаат слика од планината Арарат врежана во пасошите. Планината, која се наоѓа во Турција, југозападно од ерменската престолнина, се смета за историски важен симбол од многу Ерменци. Премиерот Никол Пашинијан, кој ја поддржа промената на печатите во пасошите, тврди дека Ерменија мора да избегнува провоцирање на своите соседи додека се стреми да ја обезбеди сопствената безбедност.