Возач го ризикува животот за помош на изолираните украински села
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поради постојаните напади на руската војска, населбите во северниот украински регион Чернихив станаа целосно отсечени од светот. Продавниците и аптеките во селата се затворени, а јавниот превоз престана да работи. За да им помогнат на луѓето да преживеат, волонтерите започнаа специјална автобуска услуга за луѓето да можат да ги посетат поголемите градови за да пристапат до услугите.