Воведувањето на еврото ја подели Бугарија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бугарската валута, левот, ќе стане историја, бидејќи земјата се подготвува да се приклучи на еврозоната на 1 јануари 2026 година. Иако претставниците на ЕУ го одобрија овој потег, јавното мислење во Софија останува остро поделено. Поддржувачите го гледаат еврото како чекор кон целосна интеграција во ЕУ и економски раст, додека противниците стравуваат од губење на националниот идентитет и предупредуваат на инфлација. Антиевропските протести, предводени од проруски партии, ги ескалираа тензиите, кулминирајќи со повик од претседателот за референдум во последен момент за ова прашање - предлог кој на крајот беше отфрлен.