Никој не го чисти ѓубрето во изборно Скопје

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Владата донесе одлука за вонредни инспекциски контроли, а Обвинителството отвори постапка за евентуално кривично дело поради несобирањето на комуналниот отпад во Скопје. Додека траат локалните избори, контејнерите се преполни. ЈП „Комунална хигиена“ не го собира отпадот редовно, но не одговара ниту на граѓаните, ниту на медиумите, зошто главниот град тоне во смет. Граѓаните се револтирани, а не функционира ниту градската власт меѓу двата изборни круга.