Рамазан во Газа
Палестинското семејство Ал-Наџи подготвува ифтар, прекршување на постот, на првиот ден од светиот муслимански месец за пост Рамазан во урнатините на нивниот семеен дом во Деир ел-Балах, централен дел на појасот Газа, на 11 март.
Најсмртоносната војна во Газа не покажува знаци на смирување со почетокот на Рамазан во услови на хуманитарна криза која доведе голем дел од палестинската територија на работ на глад, пренесува АФП.
Скромното мени за ифтар на семејството Ал-Наџи, 11 март.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш апелираше до Израел и Хамас да го почитуваат месецот Рамазан со прекин на огнот во војната што ја водат во Појасот Газа.
Раселените Палестинци чекаат храна донирана од добротворна организација пред ифтар, во Рафа, јужниот дел на Појасот Газа, на 11 март.
ОН и хуманитарните групи велат дека само на дел од резервите потребни на 2,4 милиони жители на Газа им бил дозволен влез откако Израел ја стави под речиси целосна опсада по нападот на 7 октомври 2023 година.
Подготовка на храна за ифтар во шатор во Рафа, 11 март.
Палестинците добиваат храна донирана од добротворни организации, Рафа, 11 март.
Повик за молитва пред прекин на постот, Рафа, 11 март.
По собирот на верниците следува заедничка молитва, Рафа на 11 март.
Сцена од кампот за раселени Палестинци на првиот ден од Рамазан во Рафа, 11 март.
Девојче држи чинија со грав пред ифтар во кампот во Рафа, 11 март.
Ранда Бејкер (десно) подготвува ифтар оброк со нејзината мајка во импровизиран шаторски камп во областа Муваси во јужниот дел на Појасот Газа на 11 март.
Додека муслиманскиот свет го започна Рамазан со вообичаениот дневен пост, многу жители на Газа се разбудија од бомбардирање што ги натера жителите повторно да бараат преживеани и тела во урнатините на уништените домови.
Палестинците на ифтар во кампот за раселени лица во Рафа, во услови на тековни борби меѓу Израел и милитантната група Хамас, прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ, на 11 март.
Шефот на ОН Гутереш оцени дека убивањето на цивили во Газа и уништувањето на палестинската територија е на невидено ниво во последните седум години колку што е на чело на Обединетите нации.
Ранда Бејкер, која е раселена поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, закачува рамазански украси и лампиони со својата ќерка, одбележувајќи го почетокот на месецот Рамазан, во импровизиран шаторски камп во областа Муваси, во јужниот дел на Појасот Газа, март 11.
„Почетокот на Рамазан беше тажен и покриен во темнина, со вкус и мирис на крв насекаде. Израелската окупација не сака да имаме никаква радост за време на Рамазан. Немаме храна за нашата трпеза за ифтар“, изјави раселени Палестинец, 50- годишниот Ауни ал Кајјал.