Прослави во Сирија, Блискиот Исток и европските градови по падот на Асад
Сиријците слават во близина на Саат-кулата во градот Хомс, откако бунтовничките сили во текот на ноќта влегоа во тој град, трет по големина во Сирија.
Жена вика од среќа додека Сиријците слават во Хомс.
Сиријците во Алепо го слават падот на сириската влада.
Опозициските борци во Дамаск.
Офанзивата на бунтовниците беше предводена од сунитската група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Во последниве години, ХТС ги прекина врските со Ал Каеда и се обиде да се трансформира во прагматична алтернатива на сириската влада, иако останува загриженоста за наводните прекршувања на правата и врските со терористичките групи.
Прослави во Бејрут откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Асад.
Сиријците во Турција слават пред џамијата Фатих во Истанбул.
Припадници на сириската заедница во Берлин.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Сирија е време за единство, мирна политичка транзиција и крај на борбите.