По 8 месеци, почнува судската разврска за трагедијата во дискотеката во Кочани

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во среда, на 19 ноември, почнува судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани од пред 8 месеци, кога во пожарот загинаа 63 лица, главно млади. Семејствата на настраданите со месеци бараат правда за смртта на нивните блиски и казни за виновниците за трагедијата.