Една година по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, семејствата сè уште чекаат правда

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Вукашин Црнчевиќ бил средношколец кога загинал при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Неговите пријатели зборуваат за Радио Слободна Европа за тоа како се справуваат со фактот дека тој повеќе не е со нив и потсетуваат дека, една година подоцна, никој сè уште не е казнет за тоа. При уривањето загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено. Одбивањето на владата да ја прифати одговорноста предизвика најмасовни антивладини протести во последните 25 години.