Будванизација во фотографии
Во Подкошљун, еден од најгусто населените делови на Будва, во заднината на Словенска плажа, зградите речиси се допираат.
Зграда во центарот на Будва, веднаш до Јадранската магистрала што води кон Тиват, чија ширина е едвај неколку метри.
Најатрактивните локации во Будва, речиси на пената од морето, се резервирани за изградба на апартмани. Така, крајбрежјето од Стар Град до Завала забрзано се „урбанизира“ со бетонски повеќекатници.
Една студија за Стариот град од минатата деценија наведува над илјада примери на разни пустошења во јадрото на Стариот град. Климатизерите се најочигледен пример за ова.
Будва има хроничен недостиг на паркинг места. На сликата е прикажано коритото на реката Грѓевица, кое пресушува во лето, па се користи како паркинг.
Во многу населби не постојат тротоари. На нашата фотографија, на тротоарот широк едвај педесет сантиметри се поставени маса и столчиња за кафе.
За да се искористи секој метар простор за градба, зградите често се градат така што погледот од балконот, наместо кон морето, е ѕид или стан на соседот.
Прекумерната урбанизација, исто така, ги загрозува местата за вечен одмор. Гробиштата во Будва се веднаш до станбените згради.
Семејна куќа „заградена“ со повеќекатници, кои што ја намалуваат нејзината вредност и квалитетот на живот.
Дрво заѕидано во повеќекатна зграда, чие стебло е делумно пред, а делумно зад ѕидот. Додека фотографираме, локалниот жител Марко коментира: „Па, таков ни е и животот - заѕидани во 'метрополата' на туризмот“.