Авганистанските повратници ги опишуваат тешките услови во нивната татковина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници Авганистанци принудени да се вратат во Авганистан по протерувањето од соседен Пакистан велат дека сега се соочуваат со живот во импровизирани кампови без санитарии и вода. Авганистанските повратници, исто така, изразуваат загриженост за тоа каде да одат во Авганистан откако со години живееле во странство. Меѓународните групи за човекови права ги осудуваат условите во камповите формирани од талибанците, но авганистанскиот режим ги оспорува тврдењата и вели дека ги транспортира новодојдените во нивните родни региони.