Полска се сомнева дека руските разузнавачки служби стојат зад експлозијата на железничката пруга во земјата што се користи за транспорт на воени материјали и помош за Украина, што премиерот Доналд Туск претходно го нарече и „невиден чин на саботажа“.
Во првите коментари со кои полски претставник сугерира дека Москва стои зад нападот што се случи за време на викендот, портпаролот на министерот за специјални служби на Полска, Јацек Добжински, денеска (18 ноември) изјави дека експлозијата е обид за „дестабилизација“ и „ширење страв“.
Во обраќање пред полските пратеници, Туск рече дека Полска идентификувала две лица одговорни за саботажата на железничката пруга.
Тој додаде дека осомничените се украински државјани кои соработувале со руското разузнавање и избегале во Белорусија.
„Најважната информација е дека ги идентификувавме лицата одговорни за саботажата“, им рече Туск на пратениците во Варшава.
Видете и ова: Туск: Експлозијата на железницата е „чин на саботажа“„Во двата случаи, сигурни сме дека обидот за бомбардирање на пругите и нарушувањето на железничката инфраструктура биле намерни и имале за цел да предизвикаат катастрофа во железничкиот сообраќај“, рече тој.
Туск додаде дека Полска го зголемува нивото на безбедносна тревога во некои делови од земјата и работи на планови за армијата да ја заштити клучната инфраструктура, вклучително и железниците.
Експлозијата во понеделник се случи на линијата што води од Варшава до градот Лублин во источна Полска, на околу 100 километри од границата со Украина.
Полските обвинители ја класифицираа саботажата како тероризам, велејќи дека можеби била извршена по наредба на странска сила.
Кремљ во вторник соопшти дека Полска е погодена од бран на „русофобија“ којшто „се шири“ низ цела Европа.
„Русија е обвинета за сите манифестации на хибридната и директна војна што се води“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.
„Во Полска, на пример, сите се обидуваат да бидат пред европската локомотива во овој поглед. А русофобијата, се разбира, е широко распространета таму“, додаде тој.
Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камијш објави дека безбедносните сили ги засилуваат патролите за следење на критичните области на железничката мрежа на истокот од земјата, како што се мостови, вијадукти, тунели, станици и контролни системи.
Службениците во Полска и други европски земји долго време ја обвинуваат Москва дека води „хибридна“ кампања на саботажа и шпионажа против државите кои ѝ помагаат на Украина откако Русија ја започна својата инвазија во февруари 2022 година.
Видете и ова: Полска планира воена обука на 400.000 луѓе до 2026Минатиот месец, полските власти уапсија осум лица осомничени за шпионажа или планирање напади во име на Русија.
Во јануари, Туск ја обвини Русија дека планира терористички напади врз неодредени цели со употреба на авиони, бидејќи бројот на сомнителни, алармантни и необјаснети инциденти се зголеми.
Во некои се вклучени меѓународни авиокомпании и обвинувања дека Русија се обидела да постави експлозиви на товарни летови, додека во други се вклучени бродови кои ги прекинуваат подводните кабли.
Москва ги негира обвинувањата на Западот за терористички напади, вклучувајќи палење, кражби, труења и напади врз поединци на Запад.