„Марш за ангелите“: Сплотени еден до друг за правда

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12:05 часот се одржa 30. протестен марш „Марш за ангелите“

Според организаторите, маршот има за цел да ја потсети јавноста на потребата од упорна и сплотена борба за правда, по трагичниот пожар во Кочани.

По десетиците маршеви во Кочани, денешниот во Скопје, всушност се одржа во пресрет на првото судско рочиште за трагедија во дискотеката Пулс.

Според обвинителниот акт, во предметот Пулс, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Процесот за Пулс ќе го води тим од петнаесетина обвинители, најави државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Во трагедијата загинаа 62 лица. Нивните родители, роднини, пријатели и јавноста бараат правда и фер судење.

Во спомен на нашите деца, порачаа учесниците во маршот

Маршот почна од плоштадот Македонија, продолжи прес Собранието и заврши пред скопскиот Кривичен суд

Роднините на починатите го предводеа маршот со фотографии од жртвите