Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека подготовките за мировниот самит на Русија и САД во Будимпешта се во полн ек и дека земјата може да игра клучна улога во постигнувањето мир.
„Не сакам да зборувам за деталите, бидејќи преговорите се во тек. Унгарија има вредност и придонес кон целта за мир“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија „ги држи дипломатските канали отворени за Русија“, изјави Орбан за Радио Кошут.
Тој истакна дека Унгарија е единствената европска земја која е во постојан контакт и преговори со Русија и дека тој лично може, „а понекогаш и би сакал“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин доколку е потребно.
Видете и ова: Орбан вели дека САД ќе ја исклучат Унгарија од санкциите за руска енергијаОрбан нагласи дека способноста на Унгарија во овој процес може да придонесе за завршување на конфликтот и ја нагласи важноста на земјата како посредник во мировните напори.
Плановите за самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Будимпешта се замрзнати откако Москва инсистираше на своите барања, вклучително и Украина да предаде дополнителна територија како предуслов за прекин на огнот.
Неодамна украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека Украина е подготвена за мировни преговори, но дека нема да ги повлече своите војници од дополнителна територија како што побара Москва.
Зеленски рече дека е подготвен да одржи разговори каде било освен во Русија или на територијата на нејзиниот близок сојузник Белорусија.