„Гунвор“ објави дека ја повлекол својата понуда за купување на средствата на руската енергетска компанија „Лукоил“, откако Министерството за финансии на Соединетите Дражави ја нарече швајцарската компанија „марионета на Кремљ“, објави „Ројтерс“.
Откако САД сигнализираа дека не ја поддржуваат аквизицијата на „Гунвор“, директорот за корпоративни работи на фирмата од Женева, Сет Пјетрас, објави дека изјавата на Министерството за финансии на САД е фундаментално погрешна и неточна.
„Компанијата ја поздравува можноста да исправи очигледно недоразбирање. Во меѓувреме, „Гунвор“ ја повлекува својата понуда за меѓународните средства на „Лукоил“, рече Пјетрас.
Ова го прекинува она што може да биде најголемата аквизиција на „Гунвор“, додека „Америка“ го користи ембаргото за да ја изолира Русија и да ги намали приходите на Москва што може да ги користи за војната во Украина.
„Претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека војната мора веднаш да заврши. Додека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со своите бесмислени убиства, марионета на Кремљ, „Гунвор“, никогаш нема да добие лиценца за работа и остварување профит“, објави Министерството за финансии на САД.
Видете и ова: „Лукоил Македонија“ дел од странскиот имот што Русија го продава поради санкциитеМосковската Лукоил, втората по големина нафтена компанија во Руската Федерација, е под притисок да продаде средства во странство до 21 ноември - рокот на Вашингтон за фирмите да ги прекинат деловните трансакции со Лукоил.
„Со оглед на краткиот рок, ова би можело да доведе до значителен попуст за време на продажбата“, оценија аналитичарите на брокерската куќа PSB од Москва, објави Ројтерс.
На 30 октомври, пет дена по воведувањето на ембаргото на САД, Лукоил објави дека ќе ги продаде своите средства во странство на групацијата Гунвор, со седиште на Кипар, која е специјализирана за трговија и транспорт на сурова нафта и природен гас.
Видете и ова: Орбан ќе бара од Трамп ослободување од санкциите за руската нафтаПретходно, Велика Британија воведе санкции врз најголемата руска нафтена компанија Роснефт и Лукоил на 15 октомври во дополнителен обид да ги заостри енергетските санкции и да ги намали приходите на Кремљ.
„Овие две компании се сметаат за стратешки важни за Кремљ“, објави британската влада.
„Роснефт“ е водечки производител на нафта во Русија, со околу 40 проценти од вкупното производство.
Во Европската Унија, „Лукоил“ работи во Бугарија, каде што има рафинерија, во Романија и во Хрватска, додека во регионот има бензински пумпи во Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
„Лукоил“ има малку поголем удел на пазарот на нафтени деривати во Србија од седум проценти, со 112 бензински пумпи и два магацини за нафта.
До воведувањето на санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), исто така во сопственост на Русија, на 9 октомври, „Лукоил“ купуваше дел од своето гориво од НИС, која има рафинерија во Панчево во близина на Белград.