Точно во 19:00 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на локалните избори 2025 година - информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко на прес конференција.
Тој рече дека до Комисијата пристигнале податоци за излезност од 1340 избирачки места. Обработени се 97,60 отсто од податоците, кои покажуваат дека одзивот на гласачите бил 45,71 процент на ниво на цела држава.
„Вкупниот број гласачи кои гласале во овие избирачки места е 325.691“, рече Кондарко.
Видете и ова: Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувањаЗа Град Скопје одзивот до 18:30 часот изнесува 33,82 проценти.
„Од 19 часот избирачките одбори пристапуваат кон отворање на гласачките кутии и броење на гласачките ливчиња. Конечната излезеност ќе се знае по 23:00 часот кога ќе биде одржана последната прес-конфернеција за соопштување на целосните првични неофицијални резултати, добиени по електронски пат од секое избирачко место“, информира Кондарко.
Тој додаде дека Државната изборна комисија со неколку свои тимови овластени лица ќе го набљудува непосредно броењето на резултатите и составувањето на записниците во повеќе избирачки места во различни општини.