До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто - соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска информираше дека на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци.
За Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто.
Видете и ова: ДИК: Одзивот до 13 часот е 19, 96 отстоНајголема излезеност се забележува во Општината Карпош со 32,40 проценти и Општина Центар со 31,65 проценти. Најмала излезеност за Градот Скопје се забележува во Општина Сарај шест проценти и Општина Чаир 8,83 проценти - рече Тодоровска Алексовска.
Во првиот круг до 15 часот излезеноста била 31,16 проценти за Градот Скопје.
Тодоровска Алексовска информира дека гласањето до овој момент се одвива непречено и во најдобар ред. Потенцира дека сите приговори кои биле доставени до ДИК за лично избирачко право се решаваат и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас. Нагласи и дека засега до ДИК нема пријавено инциденти.