Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека се надева дека ќе го убеди претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, дека Унгарија треба да биде ослободена од американските санкции врз руската нафта поради нејзината голема зависност од цевководните мрежи за снабдување со енергија.
Орбан рече дека на средбата со Трамп на 7 ноември ќе разговара за американските санкции против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ и дека целта е да се склучи широк економски договор со Соединетите Држави, пренесува „Ројтерс“.
„Унгарија е земја без излез на море. Ние зависиме од транспортните правци преку кои енергијата може да стигне до Унгарија. Тоа се главно нафтоводи. Мораме да ги натераме Американците да ја разберат оваа специфична ситуација ако сакаме да одобрат исклучоци од американските санкции против Русија“, рече Орбан.
Тој, исто така, нагласи дека Германија, и покрај тоа што има пристап до морето, побарала исклучок за една од своите рафинерии.
Видете и ова: „Лукоил Македонија“ дел од странскиот имот што Русија го продава поради санкциитеГерманскиот министер за економија во вторник изјави дека добил уверенија од Вашингтон дека санкциите врз „Роснефт“ нема да се однесуваат на германската сестринска компанија на „Роснефт“, објаснувајќи дека станува збор за компанија што Германија ја ставила под стечај и повеќе не претставува руска сопственост.
Берлин тврди дека германската подружница на „Роснефт“ има мнозински удел во рафинеријата за нафта „Шведт“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дали американските санкции за руската нафта ќе ја забават војната на Кремљ против Украина?
Новите американски санкции, кои претставуваат ризик за зависноста на Унгарија од увоз на сурова нафта од Русија, беа објавени неколку дена по пожарот во главната рафинерија на Дунав на унгарската нафтена група „МОЛ“, поради што таа мораше да работи со намален капацитет, потсетува „Ројтерс“.
Унгарската влада во четврток објави нацрт-закон за измена на законот за складирање на увезена сурова нафта и деривати на сурова нафта за да ѝ се овозможи да назначи таканаречени резервни бензински пумпи за снабдување со гориво на клучните корисници во случај на криза во снабдувањето.