Речиси 27.000 домаќинства во јужниот регион Одеса во Украина се без електрична енергија по синоќешниот руски воздушен напад врз енергетски објект, соопшти денеска (29 октомври) енергетската компанија ДТЕК.
Нападот ја оштетил и транспортната инфраструктура, напиша воениот гувернер на црноморскиот регион, Олег Кипер, на Телеграм.
Украинското Министерство за енергетика пријави нови руски напади врз енергетските системи во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, пренесе ДПА.
Видете и ова: Зеленски вели дека е подготвен за мировни преговори, но не и за предавање на територииСо оглед на тоа што електричната мрежа е веќе ослабена од претходните напади, некои области се соочуваат со повеќечасовни прекини на електричната енергија, што влијае и на индустријата и на приватните домаќинства.
Властите соопштија дека едно лице е убиено во синоќешните напади.
Украинското воено воздухопловство информираше дека руската војска лансирала 126 дронови, од кои 93 биле соборени.