Холанѓаните се враќаат на гласачките места во среда, 29 октомври, само 23 месеци откако Партијата за слобода (ПВВ), предводена од Герт Вилдерс, постигна најголем успех на изборите во ноември 2023 година.
Крајнодесничарската партија освои 37 од 150 места во долниот дом на парламентот.
Коалиција предводена од високиот државен службеник Дик Шуф беше формирана во јули 2024 година, по интензивни преговори. Таа влада траеше помалку од една година, бидејќи Вилдерс го забрза нејзиниот пад во јуни, предизвикувајќи предвремени избори.
На денешните избори кои се оценуваат како најнеизвесни во последниве неколку децении до 10: 30 часот гласале околу 12 отсто од регистрираните гласачи.
Како што јавуваат холандските медиуми, оваа излезност е пониска во споредба со претходните избори во ноември 2023, кога до 10:30 часот одзивот беше 14 проценти.
Своето гласачко право уште претпладнево го остварија лидерите на водечките политички партии.
За да се олесни гласањето на граѓаните, поставени се гласачки места и на 50 железнички станици ширум Холандија, на кои, според централната Изборна комисија, засега нема поголеми гужви и гласачкиот процес тече непречено.
Видете и ова: Холандија го мина тестот против популизмотПоследните анкети на јавното мислење, спроведени вчера (28 октомври), покажуваат неизвесна борба за победа меѓу Партијата на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, блокот на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на Франс Тимерманс и партијата Демократи 66 (Д66) на Роб Јетен, кои се очекува да освојат по околу 15 отсто од гласовите и по 23 пратенички места.
Околу 10.000 гласачки места за денешните избори ќе бидат отворени до вечерва до 21 часот.