Вашингтон им соопшти на Романија и на сојузниците дека ќе намали дел од американските трупи распоредени на источното крило на НАТО, соопшти романското Министерство за одбрана во среда, 29 октомври.
Одлуката не е „повлекување“, изјави романскиот министер за одбрана Јонут Мостеану за новинарите кратко по објавувањето на соопштението.
„Тоа е прекинување на ротацијата на бригада што имаше елементи во неколку земји на НАТО, вклучувајќи ги Бугарија, Романија, Словачка и Унгарија“, истакна министерот.
Во соопштението на министерството се наведува дека 1000 американски војници ќе останат распоредени во Романија.
Тие ќе помогнат „да се одврати каква било закана“ и претставуваат „гаранција за посветеноста на Соединетите Држави кон регионалната безбедност“, рече Мостеану.
Функционер на НАТО за АФП изјави биле однапред информирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го минимизираше овој потег.
„Дури и со ова прилагодување, позицијата на американските сили во Европа останува поголема отколку што беше со години, со многу повеќе американски сили на континентот отколку пред 2022 година“, рече функционерот, додавајќи дека посветеноста на Вашингтон кон алијансата останува „јасна“.
Видете и ова: По упадите на руските беспилотни летала, НАТО ја зајакнува одбраната на источното крилоМостеану рече дека стратешките капацитети се „непроменети“, прецизирајќи дека „системот за ракетна одбрана во Девеселу останува целосно оперативен.
„Воздухопловната база Кампија Турзи продолжува да биде клучна точка за воздушни операции и сојузничка соработка, базата Михаил Когалничеану продолжува да се развива, а американското знаме ќе остане присутно на сите три локации“, продолжи тој.
„Воздухопловната борбена група ќе остане во воздухопловната база Когзлничеану, како што беше случај пред избувнувањето на конфликтот во Украина“, додаде тој.
Неговото министерство, исто така, рече дека „одлуката била очекувана“ и дека е „резултат на новите приоритети на (американската) администрација, објавени во февруари“.