Украина е подготвена за мировни преговори, но прво нема да ги повлече своите војници од дополнителна територија како што побара Москва, изјави претседателот Володимир Зеленски.
Во коментарите за новинарите објавени денеска(28 октомври), Зеленски рече дека е подготвен да одржи разговори каде било освен во Русија или на територијата на нејзиниот близок сојузник Белорусија.
Плановите за самитот овој месец во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се замрзнати откако Москва инсистираше на своите барања, вклучително и Украина да предаде дополнителна територија како предуслов за прекин на огнот, пишува Ројтерс.
Видете и ова: Комисијата на ОН ја обвини Русија за ново злосторство против човештвото во УкраинаТрамп го поддржа повикот на Украина за итен прекин на огнот врз основа на моменталните фронтовски линии.
„Апсолутно е јасно дека пристапуваме кон дипломатијата исклучиво од позицијата во која се наоѓаме сега. Нема да се повлечеме и да го напуштиме овој или оној дел од нашата земја. И важниот резултат е што американската страна конечно го направи тоа јавен сигнал: претседателот Трамп излезе со таква порака“, додаде тој.
Зеленски рече дека е подготвен да присуствува на преговорите дури и ако тие се одржат во Унгарија, и покрај резервите поради некои ставови на премиерот Виктор Орбан, за кого рече дека „блокира сè за Украина“.
„Ако има резултати, тогаш одлично. Нека преговорите се одржат каде било. Скоро и да не е важно, само што тие не се во Русија, се разбира, и дефинитивно не се во Белорусија“, рече Зеленски.
Тој, исто така, ги повика американските пратеници да гласаат за построги ограничувања за Русија откако Трамп воведе санкции врз двете најголеми руски нафтени компании.
На Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години, порача Зеленски.