Државната изборна комисија (ДИК) денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е половина метар.
Во изјава за медиумите, претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека 17 тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.
„ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје“, посочи Кондарко.
Видете и ова: Бајковити ветувања, скромни очекувањаБитолската печатница изработи 254.262 испечатени страници на избирачките списоци и посебните изводи на избирачките списоци, потоа 8.692 обрасци оригинални записници како доверлив иборен материјал за утврдување на изборните резултати и 8.330 примероци на Браејево писмо.
„Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи, нагласи Кондарко.
Вангел Талевски, генерален директор на печатницата „Киро Дандаро“-Битола информира дека доверливиот материјал е испечатен во рекордно време, два дена пред зададениот рок.
„Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори“, вели Талевски.
Првиот круг од локалните избори во Северна Македонија ќе се одржи в недела на 19 ноември.