Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави, како што рече, „одличниот ден за Блискиот Исток“ откако тој и регионалните лидери на 13 октомври потпишаа декларација во за зацврстување на прекинот на огнот во Појасот Газа, неколку часа откако Израел и Хамас разменија заложници и затвореници.
По кратката посета на Израел, каде што го пофали премиерот Бенјамин Нетанјаху во говорот пред израелскиот парламент, Трамп отпатува во Египет на самит за Газа, каде што тој и лидерите на Египет, Катар и Турција потпишаа декларација како гаранти на договорот за Газа.
„Ова е голем ден за светот, голем ден за Блискиот Исток“, рече Трамп во одморалиштето Шарм ел Шеик, каде што се собраа повеќе од дваесет светски лидери.
„Документот ќе ги наведе правилата и прописите и многу други работи“, рече Трамп пред да го потпише, повторувајќи двапати дека ќе „преживее“.
Видете и ова: Трамп ја поздрави „историската зора“ на Блискиот Исток и повика на фокус кон РусијаНа церемонијата присуствуваа и германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, како и многу други светски лидери.
Како дел од планот на Трамп за завршување на војната во Газа, Хамас во понеделник ги ослободи последните 20 преживеани заложници што ги држеше по две години заложништво во Газа.
За возврат, Израел ослободи 1.968 претежно палестински затвореници кои беа држени во неговите затвори, соопшти затворската служба.
Според договорот за прекин на огнот, Хамас е должен да ги врати и телата на 27 заложници кои починаа или беа убиени во заробеништво, како и останките на војник убиен во 2014 година за време на претходниот конфликт во Појасот Газа.
Израел соопшти дека не очекува сите мртви заложници да бидат вратени во понеделник, иако војската соопшти дека ги примила телата на двајца затвореници предадени од Хамас на Црвениот крст и дека сè уште чека останки од уште двајца.
Во Израел, Трамп прво се сретна со семејствата на заложниците и потоа одржа говор пред Кнесетот.
Тoj прогласи „историска зора“ на Блискиот Исток и вети дека ќе се фокусира на мировните договори што ги вклучуваат Иран и Русија.
Видете и ова: Зеленски: Договорот за Газа носи надеж за УкраинаТрамп рече дека прекинот на огнот во војната во Газа го означи „историскиот почеток на новиот Блиски Исток“.
„Ова не е само крај на војната. Ова е историски почеток на нов Блиски Исток“, рече Трамп во говорот во Кнесетот.
Во друга страна, десетици високи функционери од земјите од Блискиот Исток и Европа, како и водечките светски финансиски институции, се собраа во понеделник во Велика Британија на разговори за обнова на уништениот Појас Газа.
Далеку од самитот во Газа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море, британското Министерство за надворешни работи ги собра функционерите од Блискиот Исток и Европа во една изолирана вила длабоко во село во јужна Англија.
Целта на тридневната конференција беше да се започне „клучен напор за планирање и координација предводен од Палестина за повоена Газа“, според соопштението од Кабинетот на британскиот премиер.
Видете и ова: Хамас ги ослободи сите 20 заложници, меѓу нив и српскиот државјанин Алон ОхелНападот на Израел врз Газа, предизвикан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, остави голем дел од палестинската територија во урнатини, а поголемиот дел од нејзиното население раселено.
Владата на Велика Британија соопшти дека разговорите во Вилтон Парк, водени од Министерството за надворешни работи, ги собраа „претставниците на бизнисот, граѓанското општество и владата за да ги соберат клучните напори за планирање и координација за повоена Газа“.
Палестинската самоуправа беше претставена заедно со претставници од земји како Јордан, Саудиска Арабија, Германија и Италија, соопшти Канцеларијата на британскиот премиер.
Претставници од Светската банка и Европската банка за обнова и развој, исто така, присуствуваа за да го поддржат она што го нарекоа Арапски план за обнова.