Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави „извонредното“ примирје во Газа како надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да посредува за прекин на руската инвазија врз неговата земја.
„Кога ќе се постигне мир за еден дел од светот, тоа носи поголема надеж за мир во другите региони“, рече Зеленски на социјалните медиуми.
Тој додаде дека ако се постигне прекин на огнот и мир за Блискиот Исток, „лидерството и решителноста на глобалните актери сигурно можат да функционираат за нас, во Украина“.
Видете и ова: Трамп ја поздрави „историската зора“ на Блискиот Исток и повика на фокус кон РусијаУкраина е под руска инвазија од февруари 2024 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 12 октомври сугерираше дека можеби ќе му дозволи на Киев да добие ракети со долг дострел „Томахавк“, ако Русија не ја заврши својата војна против Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека тоа ќе биде голема ескалација.