Фон дер Лајен во Тирана ја започнува турнејата низ Западен Балкан

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ја започнува својата турнеја низ Западен Балкан со средби со функционери во Тирана.

Претседателката на ЕК, како што беше најавено во Брисел, сака да ја повтори својата поддршка за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното пристапување на регионот кон единствениот пазар на ЕУ, објави Бета.

За време на посетата, фон дер Лајен ќе разговара за Планот за раст на регионот од шест милијарди евра за периодот 2024-2027 година со претставниците на Западнобалканската шесторка.

Видете и ова: Владата ќе побара 8,5 милиони евра од Планот за раст

Претседателката на ЕК од Тирана патува во Црна Гора, каде што ќе зборува во Тиват на Регионалната инвестициска конференција за Западен Балкан и ќе ја отвори Инвестициската конференција на Црна Гора.

Потоа фон дер Лајен ќе замине во Босна и Херцеговина каде, како што беше најавено од Комисијата, ќе го посети Меморијалниот центар за Сребреница, а потоа во Сараево ќе разговара со тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, како и со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.

Фон дер Лајен прво ќе пристигне во Србија во среда (15 октомври), а потоа ќе замине за Косово и Северна Македонија.