Менаџментот на Нафтената индустрија на Србија (НИС) му го претстави на Одборот на директори на компанијаta, извештајот за работењето и планот за работа во услови на важечки санкции од страна на САД, соопшти НИС на 12 октомври.
„Менаџментот на членовите на Одборот на директори им го претстави планот за обезбедување на функционирањето на компанијата во тековните услови и мерките за зачувување на социјалната сигурност на вработените и снабдувањето на пазарот, сè додека ситуацијата со санкциите не биде разрешена од страна на надлежните институции и акционерите“, се наведува во соопштението на НИС.
Состанокот на Одборот составен од 11 членови, чиј претседател е Алексеј Урсов, се одржа на 10 октомври на барање на четворица претставници на Србија во Одборот.
Видете и ова: Вучиќ: Недостигот на долгорочен договор за гас со Русија е многу лоша порака за СрбијаАмериканските санкции кон НИС, поради мнозинската сопственост од Русија, стапија на сила на 9 октомври.
Санкциите од САД се насочени, меѓу другото, кон спречување на финансирање на војната во Украина преку парите што доаѓаат од руските енергетски компании.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 9 октомври изјави дека санкциите ќе имаат сериозни последици за Србија.
Како што рече, без дополнителен доток на нафта, рафинеријата може да работи до 1 ноември.
Тој порача дека Србија е снабдена со резерви на нафтени деривати и дека нема да има проблеми со снабдувањето со гориво до Нова година.
Вучиќ исто така изјави дека Србија продолжува со разговорите со САД и Русија со цел да се најде решение.