Украинскиот претседател, Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да дејствува, по повеќе од 4.000 руски воздушни напади во текот на оваа недела.
„Москва си дозволува ескалација на своите напади, отворено искористувајќи го фактот дека светот е фокусиран на обезбедување мир на Блискиот Исток“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс (X).
Тој нагласи дека „не смее да се дозволи слабеење на притисокот“.
„Санкциите, царините и заедничките акции против купувачите на руската нафта – оние што ја финансираат оваа војна мора да останат на маса. Овој пристап може да го отвори патот кон траен мир за Европа. Светот може да го гарантира тоа паралелно со мировниот процес на Блискиот Исток“, напиша Зеленски.
Видете и ова: Украинците се подготвуваат за зимата додека Русија ги засилува нападите врз енергетската мрежаУкраина веќе подолго време повикува на санкции, вклучително и против Кина и Индија, кои се меѓу најважните купувачи на руска нафта.
„Русија го интензивираше својот воздушен терор против нашите градови и заедници, засилувајќи ги нападите врз нашата енергетска инфраструктура“, изјави Зеленски.
Само во изминатата недела, како што наведе тој, Русија користела повеќе од 3.100 дронови, 92 ракети и околу 1.360 бомби против Украина.
Властите известија за четворица загинати во Доњецката област.
Извор: ДПА