Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела потпиша декрет кој се чини дека е насочен кон средствата на странските компании кои продолжуваат да работат во Русија. Путин го потпиша декретот како очигледен одговор на разгледувањето од страна на ЕУ за шема за позајмување милијарди долари на Украина врз основа на замрзнати руски средства што се чуваат во ЕУ, а кои се неподвижни откако Москва ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од три години.
Декретот повикува на забрзана приватизација на државниот имот за да се обезбеди одбранбена способност, но директно се однесува на „непријателски дејствија“ на Соединетите Држави, западните земји и организации поврзани со нив, кои имаат за цел да воведат „рестриктивни мерки против граѓаните на Руската Федерација и руските правни лица“.
Декретот опишува посебна постапка за регистрација, продажба и пренос на средства, вклучително и забрзан временски рок, и ја именува ПСБ Банка (поранешна Промсвјазбанк) како единствен организатор на продажба на имот.
Путин го потпиша декретот како очигледен одговор на планот на ЕУ за шема за позајмување милијарди долари на Украина врз основа на замрзнати руски средства што се чуваат во ЕУ, откако Москва ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од три години.
Видете и ова: Заобиколување на ветото во ЕУ – (не)реална шанса и за Северна МакедонијаПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изнесе идејата за „заем за репарација“ во нејзиното годишно политичко обраќање до Европскиот парламент минатиот месец.
ЕУ разгледува различни начини за покривање на поголем дел од сметката за финансирање на одбранбените напори на Украина, бидејќи САД навестија дека можеби нема да бидат подготвени да ги финансираат одбранбените потреби на Украина уште долго.
Фон дер Лајен го изнесе својот аргумент пред лидерите на ЕУ на неформалниот самит во Копенхаген на 1 октомври за да разговараат за Украина, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Се очекуваше министрите за финансии на блокот подетално да го разгледаат планот на состанокот во Луксембург оваа недела.