Европската комисија(ЕК) предлага двојно да се зголемат царините за увоз на челик - на 50 отсто, за да се заштитат производителите од Европската унија (ЕУ) од евтина конкуренција од земји како Кина, објави комесарот за индустрија на ЕУ, Стефан Сежурне.
Покрај тоа, обемот на увоз без царина треба да се намали речиси за половина, јави агенцијата ДПА.
Целта е да се спасат европските производители на челик и работните места.
„Ова е реиндустријализација на Европа“, напиша Сежурне на мрежата Икс.
Видете и ова: Европската унија одобри царини за САДПрашањето стана поитно откако Соединетите Американски Држави(САД) ги зголемија своите царини за увоз.
Во Брисел постојат стравувања дека извозот претходно продаден во САД сега би можел да биде пренасочен кон Европа, со што ќе се изврши дополнителен притисок врз производителите од ЕУ, објави ДПА.
Според бројките на ЕУ, најголемиот дел од увозот на челик во блокот моментално доаѓа од Турција, Јужна Кореја, Индија, Виетнам, Кина, Јапонија, Велика Британија и Украина. Германија која е дом на најголемата челична индустрија во ЕУ, веќе се соочува со криза во потрошувачката индустрија, особено во автомобилската индустрија.
Кина произведува убедливо најмногу челик во светот, а Германија е рангирана на седмо место во споредба со другите.
Сегашниот заштитен механизам за европската челична индустрија треба да истече во јуни 2026 година.