Економскиот раст во Западен Балкан забавува во 2025 година, а се очекува трендот да продолжи до крајот на годината, објави Светската банка во својот нов редовен економски извештај.
Светската банка предвидува дека растот на бруто домашниот производ (БДП) ќе забави на 3,0 проценти во просек за сите земји од Западен Балкан до крајот на оваа година.
Во 2024 година, тој процент изнесуваше 3,6.
Глобалните услови, во комбинација со „зголемените домашни притисоци во неколку земји“, придонесоа за овој пад, според Светска банка.
Видете и ова: Гувернерот на НБРМ очекува стапка на инфлација пониска од три проценти во наредниот периодНајголемиот пад на економскиот раст во споредба со 2024 година е проектиран за Србија - за 1,1 процентен поен до крајот на 2025 година. Некои земји, како што е Северна Македонија, ќе забележат мал раст во споредба со претходната година.
Светската банка во својот извештај наведува дека умереното закрепнување на еврозоната треба да придонесе и за растот во Западен Балкан преку стимулирање на инвестициите и извозот.
Целосно закрепнување не се очекува до 2027 година, според проценките на Светската банка.