Претреси во домови за стари лица поради можен нехуман третман, двајца уапсени

Илустрација

Се вршат претреси во домови за стари лица во Скопје по добиени сознанија за нехуман третман на корисниците, при што две лица се уапсени, соопшти Јавното обвинителство(ЈО).

„Вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода“, соопшти ЈО.

Видете и ова: Колку е безбедна храната во старските домови и училиштата?

Покрај полиција и обвинителство, вклучени се и инспектори од Министерството за социјална политика, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Инспекторатот за труд и Агенцијата за храна.

Во ноември 2024 година, Агенцијата за храна направи вонредни контроли во 41 дом за стари лица. Меѓу другоите недоследности, тогаш инспекторите утврдија дека 14 од домовите воопшто и не биле регистрирани како оператори за храна.