Европската комесарка за проширување, Марта Кос, пристигна во тридневна посета на Босна и Херцеговина на 22 септември.
Во утринските часови таа се сретна со членовите на Претседателството на БиХ - Жељко Комшиќ, Жељко Цвијановиќ и Денис Беќировиќ.
Потоа е планирана средба со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, како и со претседателката на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, Ирена Хаџиабдиќ.
За време на престојот во БиХ, Кос ќе се обрати и пред Парламентарното собрание на БиХ, а ќе се сретне и со претставници на организациите на граѓанското општество, медиумите, локалните заедници, влијателни жени во бизнисот и млади луѓе од цела Босна и Херцеговина.
Како што е наведено во соопштението за медиумите во пресрет на посетата од Делегацијата на Европската комисија во Босна и Херцеговина, целта на посетата е да се поддржи европската иднина на БиХ како членка на ЕУ.
„Комесарот ќе ги охрабри властите да ги преземат сите релевантни чекори за да се одржи долгоочекуваната прва меѓувладина конференција и ќе ја нагласи важноста Босна и Херцеговина да не ја пропушти единствената можност што ја нуди Планот за раст за Западен Балкан“, се наведува во соопштението за медиумите.
Во март минатата година, Босна и Херцеговина официјално доби зелено светло за разговори за полноправно членство во Европската Унија, но Брисел соопшти дека за тоа ќе се разговара само кога оваа земја ќе исполни голем број услови.
Видете и ова: Советот на министри на БиХ повторно не успеа да го усвои планот потребен за повлекување на пари од ЕУМеѓу нив се усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, што значи, на пример, санкции на БиХ против Русија - на што се спротивставуваат претставниците на РС, или визи за граѓаните на Турција или арапските земји - на што се спротивставуваат властите на БиХ.
Бришењето на уставната етничко-територијална дискриминација при изборот на членови на Претседателството на БиХ или реформата на Државниот кривичен суд на БиХ и Уставниот суд на БиХ е европски услов што не е ни споменат со месеци.
Брисел соопшти дека, без јасен план за реформи и што е уште поважно, неговото спроведување - Босна и Херцеговина нема да добие ниту едно евро грантови или поволни заеми.
Првите 108 милиони, од околу една милијарда евра наменети за БиХ, беа пренасочени кон други земји ова лето.
Во октомври, Босна и Херцеговина би можела да изгуби приближно иста сума пари, а Европската комисија јасно изјави дека средствата се наменети за тие кои напредуваат, а не за оние кои стојат или назадуваат.