Пожар кај аквадуктот во Скопје, Ангелов: ставен е под контрола, но пожарникарите биле попречувани

Аквадуктот во Скопје .

Пожарот што попладнево избувна на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје е ставен под целосна контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Огнот зафатил трева, грмушки и поголема количина расфрлан отпад.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека се очекува пожарот во краток рок да биде целосно изгаснат.

Видете и ова: Пожар над Батинци, Ангелов: Имаме целосна контрола, постојат сомнежи за подметнување

Тој информира дека екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје веднаш излегле на терен, но биле попречувани при гаснењето од лица од една етничка заедница што живее на и околу опожареното место.

Поради тоа, била побарана полициска интервенција за непречено одвивање на акцијата.