Воена парада во Белград, истовремено мирен собир за поддршка на армијата

Парада на тенковски ешалон на воената парада во Белград, 20 септември 2025 година.

Во српскиот главен град Белград денеска (20 септември) се одржува воена парада под слоганот „Моќта на единството“. Во исто време, група граѓани, на повик на студентите кои учествуваат во блокадите, дојдоа на мирен собир „во поддршка на армијата“.

Најавено е дека повеќе од 10.000 учесници ќе маршираат на парадата, заедно со над 2.500 парчиња оружје и воена опрема.

Настанот се одржува во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа предизвикани пред десет месеци кога загибаат 16 лица во несреќа на железничката станица во Нови Сад.

И војнички марш и протести на воената парада во Белград

ДНајвисоките функционери на српското државно раководство, на гостите од странство и граѓаните им презентираа повеќе од 600 воени возила, 70 авиони и 20 водни пловила.

За време на воздушната претстава, заедно со српските „МиГ“, летаа и француските „Рафали“

Меѓу презентираните единици беше и одредот на воената полиција „Кобра“, кој демонстрираше како ги брани заштитени лица.

Членови на оваа единица беа пронајдени во август во просториите на владејачката Српска напредна партија во Нови Сад, во ноќта кога демонстрантите ги демолираа просториите на СНС во тој град.

Претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, лево, српскиот претседател Александар Вучиќ, втор лево, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, втор десно, и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, ја слушаат српската национална химна.

Меѓу странските гости што присуствуваа на парадата беа претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед, член на кралското семејство на Бахреин, Насер бин Хамад, поранешниот претседател на босанскиот ентитет Република Српска Милорад Додик и холивудскиот актер Стивен Сигал.

На 20 септември, српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека тоа е „гордост на Србија“.

„Ова е и опстанок и победа на Србија, која сака мир и просперитет и знае како да го зачува своето достоинство, територија и иднина“, напиша Вучиќ на Инстаграм, веднаш по завршувањето на парадата.

Недалеку од местото на настанот, група граѓани се собраа на покана на студентите кои учествуваат во блокадите да „ѝ дадат поддршка на армијата“ и да изразат незадоволство од нејзината „политизација“.

Во поканата објавена на Инстаграм страницата „Студенти во блокадата“ се наведува дека „сегашната влада активно го нарушува интегритетот, угледот, независноста и аполитичната природа на нашата армија во изминатите 13 години“.

олицијата ги блокира студентите и граѓаните да се приближат до воената парада „Моќта на единството“ во српскиот главен град – 20 септември 2025 година.

За време на митингот, полицијата и кордоните на жандармеријата не им дозволија на граѓаните и студентите да влезат во просторот каде што се одржуваше парадата.

Митингот помина мирно, со повремени мали судири со полицијата, а граѓаните се разотидоа по официјалното завршување на настанот.

Граѓаните постојано им кажуваа на полицијците дека не сакаат конфликт, дека „не ги делат граѓаните“ и дека сакаат да ја поздрават армијата, со оценки дека парадата не е парада на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Видете и ова: Русија ја оживува „Советската Евровизија“ како носталгија за Студената војна

Воената парада се одржа во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа предизвикани од смртта на 16 лица во несреќа во Нови Сад пред десет месеци.

Поради оваа причина, дел од опозициската јавност ја критикуваше организацијата на таков настан, оценувајќи дека владата има намера да „демонстрира сила“ во време на голема поларизација во општеството.

Од друга страна, владини претставници изјавија дека причината за парадата е национален празник - Денот на српското единство, слобода и национално знаме.

Како дел од подготовките за парадата, тенкови и војници со денови беа на улиците на Нов Белград, а дел од таа белградска општина е затворен за сообраќај од 9 септември.