Околу 500 службени возила досега добија специјални регистарски таблички со црвено-жолта боја. До крајот на месецот, кога треба да започне и кампањата за локалните избори, табличките треба да бидат променети на вкупно 1.500-2.000 возила, изјави денеска (16 септември) директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата на Северна Македонија, Ивица Томовски.
Првично, целта беше до почетокот на кампањата – 29 ноември, да се заменат табличките на сите возила. Во Северна Македонија во сопственост на државните и институциите на локалните самоуправи се околу 7-7.500 возила.
Видете и ова: Црвено - жолти таблички за службени возила - реална или фиктивна борба против злоупотреби„Ние како една владина служба од 220 возила коишто ги имаме во наша сопственост, во моментов имаме обележано 50 возила, можеби ќе обележиме уште десет возила со специјални таблици, а со другите ќе пристапиме кон нивна продажба и расходување со цел да ги заштедиме трошоците во државата и воедно да бидеме транспарентни пред граѓаните“, рече Томовски од Општината Гази Баба која заедно со дел од останатите скопски општини, како и Штип, Велес, Кавадарци се во процедура на замена на регистарските таблички.
Од денеска во функција е и телефонскиот број 070-399-050 и електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk на коишто граѓаните можат да пријавуваат злоупотреба на службените возила за приватни или партиски цели.
Видете и ова: Министерот Шабан Салиу со службена „шкода“ во суд - каде одат функционерите со државните возила?Одлуката за таблички во црвено-жолта боја на службените возила беше донесена на владината седница на 29 јули.