Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) ја обвини Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји-членки дека стојат зад антивладините протести во Србија, со цел да се донесе на власт „послушно раководство лојално на Брисел“.
„Немирите во Србија, со активно учество на млади луѓе, во голема мера се производ на субверзивните активности на Европската Унија и земјите-членки на таа алијанса. Целта на европскиот либерален мејнстрим е да се донесе на власт во оваа најголема балканска земја послушно раководство лојално на Брисел“, наведува СВР во соопштение објавено на нивната веб-страница на 15 септември.
Во соопштението, СВР не дава докази за своите тврдења и обвинувања против ЕУ.
Таа разузнавачка агенција, задолжена за активностите надвор од Русија, наведува дека „треба да се признае дека евроелитите можат да направат многу работи - младите луѓе се радикализираат и се префрлаат од мирни протести на „револуционерни“ методи на борба и насилство“.
Тие оценуваат дека „сценариото „обоена револуција“, кое Западот успешно го тестираше во многу земји, не ги дава очекуваните резултати во Србија“.
Видете и ова: За Вучиќ, воената парада е „порака за стабилност и одвраќање од потенцијален агресор“Како главна причина за ова, тие ги наведуваат патриотските чувства, влијанието на Српската православна црква, како и сеќавањето на бомбардирањето на НАТО врз Сојузна Република Југославија во 1999 година.
Во ова соопштение, руските претставници ги повторуваат и претходно изнесените тврдења, на кои инсистираат и претставници на властите во Србија - дека протестите претставуваат таканаречена „обоена револуција“.
Терминот се однесува на бунтови во поранешните советски републики против авторитарните режими.
Руската агенција, без да наведува докази, тврди и дека „евроелитите имаат намера да ја искористат годишнината од трагичните настани“ во Нови Сад на 1 ноември, што стана повод за протестни акции, со цел да ја свртат ситуацијата во нивна корист.
Месечните протести започнаа по смртта на 16 лица при падот на крошната на железничката станица во Нови Сад.
На протестите, кои ги предводат студенти, владата се смета за одговорна за оваа несреќа, а подоцна демонстрантите формулираа барање за свикување вонредни парламентарни избори. Владата одбива да распише избори.
Руската служба за надворешни работи состави список на независни медиуми во Србија, кои ги обвинува за „перење мозок на српската младина“.
„Според добиените податоци, српските информативни портали FoNet, RAM, Vreme, Južne vesti, Slobodna reč, Boom 93 (Boom93), Podrinske, Frimidija (FreeMedia), SOinfo, FAR, Storyteller (Сторителер), како и невладината организација Link, добиваат значителна финансиска поддршка преку невладини организации поврзани со Брисел“, се вели во соопштението на СВР.
Во соопштението се наведува и дека „Брисел очекува дека влевањето пари во медиумите и невладините организации ќе го мобилизира електоратот, ќе ги изведе луѓето на улиците и ќе го заврши „српскиот Мајдан“ според сценарио кое е тестирано многу пати“.
Видете и ова: Началникот на Генералштабот на српската војска ги отфрли критиките за воената парада во Белград„Сепак, лажните ветувања на европските претставници за „скоро влегување во расцутената европска градина“ се само мамка“, понатаму наведува СВР.
Евромајдан, или Мајдан, започна во ноември 2013 година, кога демонстрантите се собраа на главниот плоштад во Киев за да протестираат против одлуката на тогашниот претседател Виктор Јанукович да не потпише клучен трговски договор со Европската Унија.
Наместо тоа, тој бараше поблиски економски врски со Русија.
Откако стотици демонстранти во Киев беа убиени во судири со владините сили на 18 и 20 февруари 2014 година, Јанукович и поголемиот дел од неговата влада избегаа во Русија.
Потоа Москва ја започна својата окупација на украинскиот Крим и поттикна смртоносен сепаратистички конфликт во делови од двата источни региони на Украина.