Русија ги предупреди европските држави дека ќе се обиде да си ги земе нејзините средства по извештаите дека Европската Унија ја предлага идејата за трошење милијарди долари замрзнати руски средства за да ѝ помогне на Украина.
Откако претседателот Владимир Путин ја испрати својата војска во Украина во 2022 година, Соединетите Држави и нивните сојузници забранија трансакции со руската централна банка и Министерството за финансии и блокираа 300-350 милијарди долари суверени руски средства, претежно европски, американски и британски државни обврзници што се чуваат во европски депозитар за хартии од вредност.
Ројтерс објави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сака Европската Унија да најде нов начин за финансирање на одбраната на Украина од Русија користејќи ги паричните салда поврзани со руските средства замрзнати во Европа.
Видете и ова: Калас: Без да плати репарации, Русија нема да го добие замрзнатиит имот во ЕУПолитико објави дека Европската Комисија ја разгледува идејата за користење на руските парични депозити во Европската централна банка од доспеани обврзници во сопственост на Русија за финансирање на „Заем за репарација“ за Украина.
„Доколку ова се случи, Русија ќе ги гони државите од ЕУ, како и европските дегенерици од Брисел и поединечните земји од ЕУ кои се обидуваат да ни го запленат имотот, до крајот на векот“, напиша поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на Телеграм.
Русија ќе ги гони европските држави на „сите можни начини“ и во „сите можни меѓународни и национални судови“, како и „вонсудски“, рече Медведев, кој е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Русија вели дека секое запленување на нејзините средства претставува кражба од страна на Западот и ќе ја поткопа довербата во обврзниците и валутите на Соединетите Држави и Европа.