Трамп: Осомничениот за пукањето во Чарли Кирк е во притвор

Свеќи и цвеќиња се поставени во близина на сликата на Чарли Кирк, за време на бдението во паркот Орем Сити Центар, откако американскиот десничарски активист и коментатор, Чарли Кирк, беше смртно застрелан за време на настан во Јута, САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 12 септември објави дека осомничениот е приведен поради убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк по масовна потера.

„Некој многу близок до него го предаде“, изјави Трамп за Фокс њуз во интервју во живо во студио.
Тој додал дека лицето било вклучено во спроведувањето на законот, но било личност од вера, свештеник, и го однело кај американски маршал.

„Тие се возеле во полициската станица и тој е таму сега. Го имаме лицето за кое мислиме дека е лицето што го бараме,“ изјави Трамп.

Вооружениот напаѓач испукал еден, фатален истрел, убивајќи го Кирк - 31-годишник кој собрал поддршката од младите за Трамп, за време на настап на универзитет во Јута во среда. Стотици агенти од 20 агенции за спроведување на законот биле вклучени во потрагата, јавива новинската агенција Асошиетет прес.

Сликите објавени во четврток покажале маж кој носел црна бејзбол капа, темни очила за сонце и нешто што изгледало како фармерки, со маица со долги ракави украсена со дизајн што вклучувал американско знаме.

Видете и ова: Конзервативниот коментатор Чарли Кирк почина откако беше застрелан на универзитетот во Јута, вели Трамп

Полицијата вели дека верува дека напаѓачот пукал од покрив на оддалеченост до 180 метри, погодувајќи го Кирк во вратот.

Видео снимките покажале фигура како трча по покривот на универзитетот, а потоа скока на земја и се движи од кампусот кон некои дрвја - очигледно локацијата каде што беше пронајдена моќна пушка со болт. Според снимките од инцидентот направени со мобилен телефон, кои кружат на социјалните мрежи, го покажуваат Кирк како се обраќа на голема толпа луѓе на отворената сцена на кампусот во Орем, Јута, кога се слушнал силен истрел. Кирк ја преместил раката на вратот додека паѓал од столот, додека луѓето во публиката почнале да трчаат.

Претходно годинава, вооружен човек кој се претставувал како полицаец во Минесота ја уби претставничката Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг и ги застрела сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга. Во Болдер, Колорадо, маж употребил импровизиран пламенофрлач и молотови коктели за да нападне митинг за солидарност за израелските заложници, убивајќи една жена и ранувајќи најмалку шест.