До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.
Од ДИК денеска (2 септември) соопштија и дека се доставени 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.
- Листите на кандидати заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација се поднесуваат до општинските изборни комисии до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите - велат од ДИК.
Видете и ова: Црна кампања пред локалните избори, навреди наместо решенијаПотписи за независни кандидати за градоначалници се собрани за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Град Скопје.
- Кон листите за кандидати поднесени од група избирачи, покрај Образецот за собрани потписи за листата за градоначалник на општината односно Градот Скопје и/или листа на кандидати за членови на советот на општината односно Советот на Градот Скопје, се доставуваат и сите документи кои се потребни согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување на прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори 2025, кое е објавено на официјалната веб-страна на Државната изборна комисија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кондарко:Потребен ни е целосно нов Изборен законик
Рокот за собирање на потписите заврши ноќеска, 1 септември 2025 година во 24 часот на полноќ, стои во соопштението од ДИК.
Локалните избори беа распишани на 9 август. Првиот круг на гласање ќе се одржи на 19 октомври, а две недели подоцна – на 2 ноември и вториот круг.
Ова ќе бидат осми по ред локални избори од независноста на државата.