Родителите на учениците од Петтата белградска гимназија протестираат на 1 септември, барајќи, како што соопштија, да се почитуваат правата на наставниот кадар и учениците.
„Повеќе од 20 отсто од наставниот кадар во ова училиште се соочува со сериозни последици поради нивната ангажираност во поддршка на студентските протести и блокади“, соопштија родителите Петтата во пресрет на собирот.
Тие наведоа дека дека со одлука на в.д. директорката на училиштето, Данка Нешовиќ, не им е продолжен договорот на определено време на 19 наставници, како и дека четворица наставници се суспендирани. Родителите исто така, соопштија дека се сменети 13 класни раководители, од вкупно 32, што е речиси половина од сите класни раководители.
„Овие промени предизвикуваат загриженост, бидејќи многумина се прашуваат дали тие се дел од поширока стратегија за намалување на влијанието на оние кои се противат на сегашната школска администрација“, наведоа тие.
Видете и ова: Вучиќ ги пoвика претставниците на демонстрантите на јавна дебата, тие одбија додека не се распишат избориРодителите бараат оставка од в.д. директорката, сметајќи дека договорите не им биле продолжени на професорите кои учествувале во штрајкот и блокадите што во Србија започнаа по трагедијата во која загинаа 16 лица при падот на настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.
Министерството за образование ја назначи Данка Нешовиќ за вршител на должноста директор на Петтата белградска гимназија на 24 февруари, поради што учениците и нивните родители повеќепати протестираа.
Просветните работници кои беа во прекин на работа, ги поддржаа минатата учебна година студентските блокади и протести на кои се бара одговорност од властите за несреќата во Нови Сад и распишување вонредни избори.
Новата учебна година во Србија започнува и со најави за протести организирани од студентите во блокада, кои повикаа на комеморативни прошетки низ целата земја под наслов „Средношколците паметат“, по повод 10 месеци од трагедијата во која загинаа 16 лица.