Радован Вишковиќ, премиер на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, денеска (18 август) поднесе оставка од својата функција.
Вишковиќ е член на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик.
„Одлучивме да избереме нова Влада на РС“, рече Вишковиќ на прес-конференцијата, по состанокот во седиштето на претседателот на ентитетот, и додаде дека „останува член на тимот на СНСД“ и дека ќе работи „некоја друга работа“.
Вишковиќ е на чело на Владата на Република Српска од 2018 година, а неговиот мандат често беше критикуван од опозицијата поради начинот на кој се управува со ресурсите на ентитетот и неговиот однос со институциите на Босна и Херцеговина.
Видете и ова: По Додик, укинат притворот и на премиерот и на претседателот на Собранието на Република СрпскаИсто така, од јули 2023 година, Вишковиќ е на списокот на санкционирани лица на Соединетите Држави поради закани за Дејтонскиот мировен договор и закани за суверенитетот на Босна и Херцеговина.
Вишковиќ, како што тогаш објави Министерството за финансии на САД, е еден од лидерите во РС, одговорен „за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на Република Српска со кој одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во РС, со што се попречува и загрозува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор“.
Овие санкции вклучуваат забрана за влез во САД и замрзнување на средствата под нејзина надлежност.
Вишковиќ е исто така еден од осомничените во истрагата на Обвинителството на Босна и Херцеговина за кривично дело напад врз уставниот поредок.
Покрај Вишковиќ, за истото кривично дело се обвинети и Милорад Додик, претседателот на РС, и Ненад Стевандиќ, претседателот на Парламентот на Ентитетот.