Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври.
Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори 2025 година, кој Државната изборна комисија го донесе вечерва на седница. Правилникот без усвоен со шет гласа за, а единствена против беше Дитмире Шеху.
Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи членот 63 од Изборниот законик кој како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.
„Врз основа на член 63 став 3 собирањето потписи во постапката на кандидирање согласно одредбите на Избирниот законик почнуваат 10 дена од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена. Кога подносител на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи потребно е предлогот на кандидатската листа да го потврдат пред подрачните одделенија или регионални канцеларии на ДИК со важечки документи за личен идентификација, со адреса на живеење на соодветна општина за која се поднесува соодветна кандидатска листа и притоа за поддршка на истата на приопишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи“, рече Дашевски образложувајќи одредби од новиот Правилник, откако стариот беше ставен вон сила бидејќи Уставниот суд укина два члена од Изборниот законик.
Даштевски нагласи дека потписите за поддршка на предлогот на кандидатските листи за кандидат на членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник се врши во временски период утврден согласно членот 63 став 3 од Изборниот законик во период на редовно работно време на подрачните одделенија и канцеларии од 8:30 и 16:30.
„Овие се специфичните работи кои ќе важат само за овие избори, па затоа и предлагам на ДИК овој Предлог правилник да го усвои“, рече Даштевски.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека има спротивно мислење од Даштевски од процедурално правен карактер, но оти сепак тој и неговиот колега Оливер Ристовски ќе гласаат за Правилникот.
Видете и ова: Независните кандидати не веруваат на изјави - бараат сигурен начин за учество на изборитеСо предложениот Правилник за собирање потписи кој предвидува да се евидентираат најмалку два потиси во подрачните одделенија за кандидирање на група избирачи. Членот 60 од Изборниот законик дирекно го утврдува, предвидува и дава правото на учество на група избирачи да поднесат листа и да учествуваат на изборите, но, без собирање потписи.
„Уставен суд ги укина одредбите за бројот на собрани потпис предвидени во членот 62. Во таа насока не го прифаќам образложението на овој правилник, кој се повикува на член 63 кој ја предвидува постапката за собирање потписи, не може да се спроведува постапка без да постои цензус за предвиден број потписи кои треба да се соберат. Во случајот членот 63 членот е неприменлив бидејќи е поврзан со член 62 од Законот, а кој е укинат од Уставниот суд“, рече Кондарко, кој иако не се согласи со Правилникот, кажа дека со членот Оливер Ристовски ќе гласаме за и ќе го поддржиме овој Правилник, бидејќи сметам дека тоа е во интерес на изборниот процес.
Изборите се распишани, изборните дејства се во тек, додаде и ДИК нема право и можност да ги одложи или сопре изборните дејства. Во оваа состојба додаде претседателот на Комисијата, ДИК се нашла не по своја вина.
„Во два наврати Собранието не успеа да го регулира ова прашање за бројот на потребни потписи за предлагање кандидатска листа на група избирачи, и поради тоа ДИК, не по своја вина, е доведена во ситуација да ги применува одредбите од Изборниот законик онакви какви се, а во интерес на успешно организирање на изборниот процес. Суштински без собирање требаше да биде односно со нула потписи, но со Правилникот се предлага најмалку два потписа од најмалку два избирачи, а тоа во суштина не менува ништо“, рече Кондарко.
На ова реплицираше Даштевски, кој како што рече, смета оти со предложениот Правилник не се излегува надвор од законските рамки.
„На почетокот на образложувањето на Правилникот кажав дека членот 62 од ИЗ е укинат и оти на сила е членот 63 особено ставовите 1, 2, 3. Така што, во таа смисла сметам дека постапката за собрање потписи ќе треба да постои на некаков можеби симболичен начин бидејќи тоа е предвидена постапка“, рече Даштевски.
Видете и ова: Собранието не ги изгласа измените на Изборниот законикДИК на седница минатата сабота на 9 август усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.
Вчера Собранието имаше обид да донесе измени на Изборниот законик кои го регулираат бројот на потребни потписи за независните кандидати за локалните избори, но иако го доби потребното мнозинство немаше доволен број гласови по Бадентер и тие не беа донесени. Предложените измени предвидуваа независните кандидати да треба да соберат 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).
Членовите на ДИК со шест гласови „за“ и еден против го усвоија и Упатството за начинот и постапката за поднесување/прием на кандидатските листи за локалните избори. Ова Упатство, како што рече Кондарко, ги систематизира сите одредби од законот во кои се определени процедурите, условите и критериумите за поднесување на кандидатските листи од формално - правен аспект.
На денешната седница, меѓу другите точки беа усвоени и Програмата за едукација на општински избирачки одбори, Програмата за едукација и информирање на гласачите, како и Јавниот повик за проверка на податоци во Избирачкиот список од страна на граѓаните.